• Sat. May 18th, 2024

Претседателот Пендаровски во Њујорк оствари средба со претставници на „Македонија2025“

Претседателот Стево Пендаровски, за време на посетата на САД по повод неговото учество на Генералното собрание на Обединетите нации, во Њујорк оствари средба со претставници на организацијата „Македонија2025“.

На средбата, претставниците на „Македонија2025“ го информираа Претседателот за досегашните активности и приоритети во контекст на нивното делување во Њујорк и на американскиот континент во целина.

Претседателот Пендаровски истакна дека „Македонија2025“ е позитивен пример за придонесот на македонските иселеници во економскиот и демократски развој на Северна Македонија и ја изрази својата поддршка за нивната работа.

Оддавајќи признание за досегашните вложени напори, претседателот Пендаровски ги охрабри претставниците на „Македонија2025“ за нивен засилен ангажман преку кои се искажува и волјата и решеноста на македонската дијаспора активно да се вклучи во градењето на иднината на Северна Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *