• Sun. May 19th, 2024

Претседателот Пендаровски на Самитот за демократија во организација на американскиот претседател Џо Бајден

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе се обрати на пленарната сесија на Самитот за демократија кој се одржува виртуелно во организација на претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден.

На дводневниот самит ќе учествуваат шефови на држави и влади, владини претставници, претставници на меѓународни и граѓански организации, како и од приватниот сектор.

Целите на Самитот се поттикнување на заложбите и иницијативите за јакнење на демократијата и одбрана од авторитаризам, борба против корупцијата и промовирање на почитувањето на човековите права, како и претставување на предизвиците со кои се соочува демократијата на глобално ниво и во земјите-учеснички, вклучително и во Соединетите Американски Држави.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *