• Sat. May 18th, 2024

Познати личности се приклучуваат кон повикот за Собир на МПЦ-ОА

За три дена граѓаните ќе се соберат на мирен собир пред соборниот храм во Скопје. Причина се Законите за родова еднаквост и за матична евиденција. Светиот Синод на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија  повика за присуство. Поглаварот, г.г. Стефан вели дека света должност е да се зачува сечовечкото наследство од претходните поколенија.

Кон повикот на архиепископот се приддружуваат и голем број јавни личности. Со слоганот „имаме должност“ тие даваат поддршка на собирот и повикуваат на масовно присуство.

Но, собирот наиде и на критики од активисти кои сметаат дека Црквата не треба да има став за законски решенија.