• Fri. May 17th, 2024

Повторно поскапува дел од зеленчукот

Владата ги ослободи цените на дел од зеленчукот. Така, килограм домати и краставици ќе се продаваат по цена од 95 денари, пиперките ќе чинат 100 денари, а кромидот доби цена повисока за 10 денари од претходната и сега ќе чини 70 денари за килограм. Ова е корекција на претходната владина одлука, бидејќи како што изјави министерот за економија Крешник Бектеши, од 28 март досега, увозниците доставиле „пологични фактури, од кои може да се види дека на берзите има зголемување од 30 отсто. Останатите цени на зеленчукот остануваат исти и не смеат да бидат повисоки од 100 денари за килограм, освен леќата која чини 110 денари, додаде Бектеши.

Со Одлука на Владата од 5 април се замрзнаа цените на 11 видови овошје и зеленчук. Претходно беа замрзнати и цените на тестенините и млечните производи кои се намалени за 15, односно за 10 проценти, како и цените на јајцата и оризот, додека цената на белиот и на полубелиот леб до 450 грама е замрзната на 33 денари.