• Fri. May 17th, 2024

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Институт за македонски јазик и Филолошкиот факултет при УГД

Институтот за македонски јазик и Филолошкиот факултет во Штип денеска потпишаа меморандум за соработка. Деканката на филолошкиот факултет д-р Драгана Кузмановска вели дека ова е само продлабочување на соработката којашто постои од основањето на Филолошкиот факултет.

Од институтот ја истакнаа потребата двете институции да се запознаени со својата работа и да се поддржуваат затоа што тоа е во интерес и на поквалитетното делување на полето на македонскиот јазик.

Претставниците од Институтот за македонски јазик ја посетија и спомен собата на Гоце Делчев во чест на одбележувањето на 150 годишнината од раѓањето на големиот македонски револуционер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *