• Thu. May 16th, 2024

Поранешниот претседател Ѓорге Иванов на протестот против францускиот предлог

И поранешниот претседател Ѓорге Иванов на протестот против францускиот предлог. Попладнево тој присуствуваше на протестот придружуван од синот Иван.

Тој претходно преку социјалната мрежа фејсбук повика да се отфрли овој предлог.

„Како поранешен претседател, кој 10 години беше сведок и силен противник на сите подли игри за разнебитувањето на Република Македонија, повикувам на отфрлање на францускиот предлог. Со вакво `решение` Република Македонија ќе биде втурната во правна, политичка и историска бездна. Македонскиот народ повторно е сведок на национално предавство. Човечкото достоинство и стекнатите права се црвените линии кои не смее да се преминат. За нив не се разговара и не се преговара. Непокорот е единствениот излез. Одбраната на Македонија е обврска на секој од нас. Да живее Република Македонија!“ – напиша Иванов на Фејсбук.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *