• Tue. May 21st, 2024

Поради софтверска промена не се издавале инсулински игли

Поради промена на софтверот не се издавале инсулински игли и апаратчиња, а од вторник истите ќе бидат достапни, информираат од Министерството за здравство.

„Во изминатиов период поради промена во софтверот за нов вид на инсулински продукти – игли Тип1 и Тип2, како и апаратчињата за мерење гликемија кои не ги препишува лекар, туку системот сам ги генерира, не се издаваа истите. Нема никаков проблем во количините на иглите, лентите и апаратите за мерење инсулин, туку во делот на евидентирањето, проблем што веќе се надминува и од вторник, кога ќе бидат отворени инсулинските аптеки, истите инсулински продукти ќе им бидат достапни на пациентите“, велат од Министерството за здравство.

Министерството додава дека се погрижило во секое време терапијата за пациентите со дијабет да биде навремено доставена до сите инсулински аптеки низ државата иако имало недостаток низ цела Европа поради енормната потрошувачка. Влијанието на пандемијата во однос на тековните набавки е одамна надминато, а потребните количини се доставуваат во континуитет, редовно и регуларно на територија на цела држава, додава Министерството.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *