• Sat. May 18th, 2024

Филипче вели дека пописот може да се спроведе и покрај пандемијата

Пописот може да се спроведе. Во време на пандемија е голем предизвик, но процесот може да се спроведе и заврши по здравствените протоколи. Ова го рече министерот за здравство Венко Филипче на онлајн конференцијата во организација на „Рома интеграцион центрум“.

Филипче посочи пописот може да се спроведе. Но, затоа министерството за здравство и Комисијата за заразни болести ќе бидат на располагање. Како и за време на одржувањето на изборите. Ова се однесува за едукација и донесување протоколи за спорведување на една ваква, како што ја нарече, комплексна операција.

„Ќе дадеме свои укажувања, доколку е потребно може да имаме и мини едукација како тоа да биде организирано од институциите коишто ќе го водат тој процес“, рече Филипче.

Министерот како пример го посочи спроведувањето на изборниот процес, кој во делот со спроведување на здравствените протоколи поминал, како што кажа, без ниту една забелешка.

„Консензус на ниво на СЗО е дека ниту еден процес и постапка не треба да запре, туку треба да се спроведува со протоколи кои се универзално прифатени во сите земји. Во таа смисла сме на располагање и во делот на експертизата, и комуникациски да го поддржиме процесот кој е од клучно значање за државата“, рече Филипче.

Како ќе се спроведе пописот

Пописот ќе се спроведе од 1 до 21 април годинава. Тој претставува сложена статистичка операција. Ќе се попишуваат резиденти, нерезиденти и вкупно население. За разлика од претходните, овој попис ќе има неколку новини. Главната новина е што ќе се спроведува со т.н. комбиниран метод. Овој метод подразбира истовремено попишување на терен со оној класичен метод, интервју лице в лице, но и користење податоци од регистри, односно бази на податоци. Меѓутоа, пописот ќе се спроведува со електронски прашалници, со користење ИТ-технологија и според стандардите на Евростат.

Владејачката коалиција предводена од СДСМ доби поддршка за законот. Го поддржаа Алијансата за Албанците и Алтернатива, но, против законот беше ВМРО-ДПМНЕ. Партијата најави дека ќе бара негово поништување и почна со собирање потписи од граѓаните за поништување на законот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *