• Wed. May 15th, 2024

Полни капацитетите на Дојран за Први мај

Дојран е полн до последно место. Се бара легло повеќе за првомајските празници. Иако последниве неколку години се изградија дополнителни сместувачки капацитети, има потреба од повеќе ноќевања. Најголем број гости се од Македонија, осбено од блиските градови, но дојдени се и сопствениците на викенд куќи, па градот буквално врие од луѓе.

Од Општина Дојран се задоволни од посетеноста за празниците и предвидуваат дека од почетокот на мај така ќе биде за време на викендите, со оглед дека се очекува и подобро време.

Во меѓувреме општината работи на уредување на плажите и на крајбрежјето со цел да се подготвени за капење.