• Thu. May 16th, 2024

Погребана 42 годишната Даниела Николова која загина во пожар во куќа во Дојран

Семејството, пријателите, сожителите денеска се простија од 42 годишната Даниела во Дојран и ја испратија на вечното почивалиште со многу неодговорени прашања: како настанал пожарот и како загинала. Дел од овие одговори треба да дадат резултатите од обдукцијата на судска медицина,  кои треба да утврдат како настапила смртта.

„ЈО изврши увид на лице место, подигнати се траги кои се дадени на вештачење со цел да се утврди причината за настанување на пожарот. ЈО издаде наредба и за обдукција на телото на починатата“, информираат од обвинителството.

Очевидци на пожарот вчера за Телма изјавија дека утрото околу 7 часот слушнале женски глас кој вика од правецот на куќата, а следно забележале силен пламен и не можеле да пристапат до објектот кој се наоѓа на рид. Повикале противпожарна служба, но, најблиската е во Гевгелија па било потребо време дури да стигне до Дојран.

Вчера откако пожарот се изгасна, со часови траеше увидот на местото на несреќата. Надлежните треба да увидат каде почнал огнот што го зафати покривот и горниот спрат од куќата. Дали причина е инсталација или некој друг фактор за големата трагедија што однесе и човечки живот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *