• Tue. May 21st, 2024

Почна сезоната на крлежите

Почна сезоната на крлежите. Секоја пролет со порастот на интензитетот на врнежите, тревните површини нагло се зголемуваат и згуснуваат. Сето тоа е предуслов за појавата на крлежи, кои овој период од годината во најголем број ги има низ парковите во метрополата. Граѓаните веќе почнаа да ги пријавуваат случаите на каснати од крлежи, особено кај децата, но и кај домашните миленици. Факт е дека надлежните не можат да преземат ништо против појавата на крлежи, па токму затоа најдобрата мерка за заштита е зголемување на претпазливоста и избегнување високи тревни површини каде што, всушност, и може да се добие убод од крлеж.

Она што како превентива треба да го направат граѓаните е кога одат во природа или на места каде што се очекува присуство на крлежи да носат облека со светла боја што го покрива телото, со долги ракави и ногавици, капа на главата и, секако, да се употребуваат средства против инсекти (репеленти) по телото и облеката. При враќање од прошетка, добро да се протресе облеката, да се испере и да се направи детален преглед на телото, особено да се обрне внимание на косматиот дел од главата, зад ушите, под пазувите, препоните, папокот, зад колената – вели таа.

Она што граѓаните како мерка треба да го преземат доколку се закачил крлеж е негово итно отстранување. Соколовска вели дека вадењето треба да биде со дезинфицирана пинцета или конец поставена најдолу до усниот апарат, а не со масло, ацетон, крем, солен раствор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *