• Sun. May 19th, 2024

Почна аплицирањето за земјоделски субвенции за 2021 година

By

Apr 6, 2021

Почна аплицирањето за земјоделски субвенции за 2021 година

Од вчера започна аплицирањето за добивање финансиска поддршка во земјоделството. Крајниот рок за доставување барања е 31 мај 2021 година. Сите заинтересирани, апликациите можат да ги поднесат електронски, преку веб страницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), www.ipardpa.gov.mk во делот е- барање.

Како што соопшти вчера директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, барањата за мерките за растително производство се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за парцели во Единствениот регистар на земјоделски стопанства. Барањата, пак, за сточарско производство се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за животни во ФАРМ регистарот со состојба на денот на поднесување на барањето.

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *