• Sun. May 19th, 2024

Почина Невена Кочовска, вокалистката на групата „Мањифико”

На 81-годишна возраст денес во Скопје почина Невена Кочовска, музичката дива и вокалистката во групата ,,Мањифико”.

Невена долги години боледуваше од Алцхајмер.

Таа е мајка на популарните пејачки Тања и Лидија Кочовски.

Повозрасните генерации ќе ја паметат како вистинска дама, кралица и дива која ја обележа естрадната сцена со своето грациозно пеење.

Со „Мањифико“ настапувала на сите континенти и објавила голем број грамофонски плочи, кои се продадени во златен тираж. Повозрасните генерации ја паметат Невена и нејзиниот сопруг Панче како дел од легендарниот ,,Мањифико”, кој беше познат по обработките на латино-американските хитови, но и староградски македонски песни.

Имаа гостувања во многу земји, снимија голем број на албуми, а нивните изданија се продаваа во сребрен или златен тираж. Ансамблот имаше кариера која траеше цели три децении, се до 1990 година

извор: макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *