• Tue. May 21st, 2024

По 11-ти пат се одржа планинарскиот марш „По патеките на Мис Стон

Во организација на ЗПСК „Маратон“, Струмица и под покровителство на општина Василево, во недела (29.05.2022 г.) се одржа планинарскиот марш „По патеките на Мис Стон“.

11 Години по ред, планинарите, придружувани од љубителите на природата од регионот и пошироко, пешачат по патеката по која во далечната 1902 година, американската мисионерка Мис Стон заедно со нејзината придружничка  Катерина Цилка, придружувани од локалниот војвода Атанас Нивичански-Брадата, се движеле од Малешевијата до с. Градашорци и Струмица, каде биле разменети за одредена сума пари наменета за купување оружје за целите на Револуцијата.

Учесниците во маршот, се движеа по следнава маршута: брана Турија – Јурукова колиба – Павлова ливада – Железен дол.

Пристигнувањето на целта, традиционално е проследено со заеднички ручек, подготвен од организаторот и доделување на Благодарници заучесниците и  помагателите на настанот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *