• Tue. May 14th, 2024

Пилот проект во Гевгелија за селекција на хартиен, пластичен и лимен отпад

Во Гевгелија, започнува реализацијата на пилот-проект за селекција на хартиен, пластичен и лимен отпад. Пилот-проектот го спроведуваат ЈПКД „Комуналец“ во соработка со „Пакомак“, преку кој, во првата фаза, ќе бидат опфатени домаќинства и правни лица во еден дел од градот со добивање канта за одлагање хартија, пластика и лименки од останатиот отпад.

Како што најави градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, во втората фаза, Општина Гевгелија и ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија ќе обезбедат по една канта со ознака за селекција на ваков тип отпад, за секое домаќинство и правно лице на подрачјето на општина Гевгелија.

Покрај активностите од проектот за новиот начин на третирање и управување со отпадот, ќе биде спроведена и кампања за подигање на свеста на граѓаните и значењето на и придобивките од селекцијата на отпадот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *