• Thu. May 16th, 2024

Петтиот пакет мерки ќе се знае викендов

Петтиот пакет мерки ќе се знае викендов. Конечната одлука како ќе изгледа ќе се донесе викендов, најави денеска премиерот Зоран Заев.

Тој, на прес-конференција, соопшти дека мерките најверојатно ќе бидат сублимат од предлозите на заинтересираните страни. На него работи економскиот тим на Владата.

– Во делот на мерките нормално дека слушнавме од страна на трудо-интензивните дејности, на многу други компании дека не може баш така да ја укинеме мерката субвенции преку плати. Колку и да сака Владата да испрати порака за еден излез од кризата, која што треба да го зграпчиме сите. И да испратиме пакети и мерки на мотивација и на охрабрување во делот на навлегувањето на инвестициските циклуси. Ова се со конечна цел зголемување на продуктивноста и профитабилноста на македонските компании. Со тоа и дигање на БДП – рече Заев, пренесува Плус инфо.

Петтиот пакет мерки ќе се знае викендов и ќе има околу 16-тина мерки. Ќе нуди и опција за помош во плати или за грантирање односно со бескаматни кредити со можност од сумата 10-30 проценти да биде во форма на грантови.

– Веројатно ќе имаме опционо нудење на оние големите пари во делот на директното помагање на компаниите. Пред се заради зачувување на работните места. Тоа ќе бидат веројатно делот на плати. Или да може да изберат бескаматни кредити со грантови. Тие дефинитивно ќе им дадат можност покрај првата опција доколку се профитабилни имаат обврска да ги враќаат средствата или дел да ги реинвестираат – рече Заев.

1,1 милијарда евра за време на Ковидот

Помошта на државата за граѓаните и компаниите со директни, конкретни буџетски средства изнесува 1,1 милијарда евра за време на ковидот. Директните плаќања само на стопанството се преку 350-360 милиони евра. Плус дополнително картичките на погодените граѓани.

-Тој процес тргна уште од 2017, 2018, 2019, 2020 година за време на ковидот ги достигна своите максимизација и така ќе продолжиме – додаде  Заев.

Инаку, од Владата најавуваа дека во согласност со социјалните партнери ќе ги одредат новите мерки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *