Забава

„Пчелин рај“ ја помина цела Македонија-успешната приказна на една карневалска маска

Една маска со благородна идеја, едно одделение на чело со наставничката и родителите и десетици патувања. Од Струмица, преку Радовиш до Скопје и Лесковац патуваше овие шест месеци карневалската група „Пчелин рај“ од основното училиште „Видое Подгорец“ од Струмица. Раководителот на класот но и на целиот проект, наставничката Соња Цицимова вели дека иако биле уверени во благородната идеја и освен забавната и едукативна компонента на маската, не очекувале волкав интерес и волку патувања.

Во идејата учествувале и родителите, кои освен во осмислувањето земаат и практично учество, во рачната изработка.

Но, освен идеите, родителите вложувале и од своето знаење за да ја осмислат маската и настапот. Така, Билјана Атанасова која е доцент на факултетот за земјоделски науки при УГД, зборуваше за важноста на пчелата за природата.

Ваквите идеи ги поддржува и училишната управа. Тања Црвенковска која е родител во одделението и дефектолог во училиштето, зборува за важноста од соработката.

Целта е да се овозможи правилен развој на децата, едногласни се и родителите и наставниците и училишните служби. Да им се даде можност за непосредно учење, за стекнување вредности кои ќе ги негуваат и кога ќе излезат од училишните клупи.

Препорачуваме:

Gunther Werks Porsche 400R: Перфекција за пола милион долари

Почина рок – легендата Тина Тарнер

Сузана Мицева

„Концертот под маски“ на Боро Џони од „додадена вредност“ станува стожер на струмичкиот карневал

Сузана Мицева