• Wed. May 15th, 2024

Падна владата на Петков

ByDimitar Micev

Jun 22, 2022
Petkov

Владата на Кирил Петков падна по гласањето недоверба во Народното собрание, јави собранискиот известувач на БГНЕС.

За недоверба изгласаа 123 пратеници, против 116. Воздржани немаше.

За недоверба на Владата гласаа 59 пратеници од ГЕРБ-СДС, 33 на ДСП 19 од Има таков народ (ИТН) и 12 на Преродба.

Владата на Петков, пак, ја поддржаа 67 пратеници од неговата партија Продолжуваме со промените, како и нивните колеги од коалициските БСП – 26 и Демократска Бугарија – 16 пратеници.

За мене беше чест да водам влада која беше соборена од господинот Пеевски, господинот Борисов, Слави Трифонов и г-ѓа Митрофанова, изјави Кирил Петков по гласањето. Ќе продолжиме и еден ден ќе ја имаме Бугарија без мафија, без гушење – успешна, европска земја. Благодарам.

Кирил Петков

Први од салата ја напуштија пратениците на МРФ, а набргу потоа излезе и веќе соборената власт.

Ова е прво гласање недоверба на кабинетот на Петков. Го достави ГЕРБ поради економските неуспеси на владата.

Големиот камен на сопнување било почетокот на разговорите меѓу РС Македонија и Европската унија, на кои Софија стави вето поради непочитување на Договорот за добрососедство од 2017 година, говорот на омраза, уништувањето на бугарските културни споменици и фалсификувањето на бугарската историја како што јавуваат од БГНЕС. Од првите денови на неговото владеење Петков и неговиот советник за надворешна политика воделе еднострана политика кон Скопје, заобиколувајќи го МНР и одлуките донесени едногласно во 2019 година – Рамковниот став на бугарскиот парламент и владината декларација.

Почетокот на владината криза започнала со повлекувањето на министрите на „Има таков народ“ на Слави Трифонов. Парламентот на 16 јуни гласаше за оставка на претседателот на Собранието Никола Минчев. /Фотографија и текст БГНЕС

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *