Младинците на РК ,, Макс Струмица,, ја забележаа третата првенствена победа во групата 2 од младинската лига на Македонија. По поразот од Металург во Скопје, струмичките надежи во спортската сала Парк , во рамките на 4 коло, бесот го истурија на велешки Борец кој си замина поразен со седум гола разлика (26:19)

Тимот на Иванче Ончев почна одлично но во второто полувреме актерите на теренот ги фати заморот заради слабата резервна клупа, по што Борец дојде до негатива од само 4 гола . Но струмичани не дозволија да направат од готово вересија, стегнаа заби и го издржаа притисокот од гостите.

Инаку младите на РК Макс Струмица во овој натпревар влегоа без 4 стандардни играчи кои заради школување во Скопје или повреди не беа во списокот на Ончев.

Со ова победа младите струмички ракометари ги задржија шансите за плеј офот а следното коло им гостуваат на радовишките младинци што ќе преставува и дерби во 5 коло

Благодарение на Митко Иванов низ слики еве дел од атмосферата од дуелот Макс Струмица - Борец