• Mon. May 13th, 2024

Османи се сретна со новиот амбасадор на Австралија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи се сретна со новоименуваниот амбасадор на Австралија, со седиште во Белград, Даниел Џозеф Емери, кој во оваа пригода ги предаде копиите од акредитивните писма.

Министерот Османи му посака успех во дипломатската мисија и изрази уверување дека амбасадорот Емери со своето дипломатско искуство и личен ангажман ќе даде значаен придонес во натамошниот развој на односите меѓу двете пријателски земји.

На средбата беа разгледани билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Австралија, при што беше потенцирано дека значаен мост во соработката претставува нашата дијаспора во Австралија. Исто така, беше потврден заедничкиот интерес за натамошно унапредување на билатералната соработка со посебен акцент на економската соработка и можностите за нови форми на бизнис-поврзување и продолжување на успешната мултилатерална соработка.

Соговорници разменија мислења за надворешно-политичките приоритети на двете земји, како и за актуелните меѓународни прашања и регионални теми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *