• Sat. May 18th, 2024

Османи: Блокирање на Парламент во услови на криза е енергија на деструкција

Блокирање на Парламент во услови на криза е енергија на деструкција, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи, во однос на најавената активна блокада на собранието од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа е споменик на поделби, вели Османи за Утрински брифинг, посочувајќи дека сега на социјалните мрежи повеќе се зборува за споменикот на УЧК и се става во негативен контекст, отколку за обидот за блокирање на државата, чија цел на крај е да страдаат граѓаните од сите етнички заедници.

–Владата е единствена и апсолутно јасна во своите определби и ништо нема да ја поколеба во остварување на целите… Јавноста со право е фрустрирана поради економските текови кои се поврзани со надворешни фактори, како и од пандемијата и од забавувањето на европските текови, но работа на Владата е да ги води и предводи работи, а не да јава на расположенијата на граѓаните. Граѓаните се фрустрирани, но тие гледаат постратешки од многу политичари, вели Бујар Османи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *