• Sat. May 18th, 2024

  Општина Гевгелија гo презентираше туристичкиот потенцијал

гевгелија корона

  Општина Гевгелија гo презентираше туристичкиот потенцијал пред туристичките работници, медиумите и бројните гости на 43 Меѓународен саем за туризам во Белград. На својот штанд, од 24 до 27 март, преку рекламен материјал и презентација, Општина Гевгелија ги промовираше туристичко-угостителските потенцијали и капацитети.

Пред се, во бањскиот, планинскиот и казино-туризмот, но и другите компаративни предности, кои овозможуваат развој на туризмот во општината. Во креирањето на промоцијата, на покана од градоначалникот на oпштина Гевгелија, Андон Сарамандов, учествуваа повеќе туристички субјекти, кои со свои материјали придонесоа за ова прво, побогато претставување на општината, како туристичка дестинација, на оваа значајна саемска манифестација.
            – Верувам дека ова наше претставување на Туристичкиот саем во Белград, кој секоја година привлекува повеќе од 1000 изложувачи од над 50 земји, е само поттик сите заедно – локалната самоуправа, туристичките работници и претставници на гевгелиските стопански чинители, во иднина да работиме уште попосветено на промоцијата на Општина Гевгелија како привлечна туристичка дестинација, истакна градоначалникот Андон Сарамандов, кој своите заложби за јакнење на локалниот економски развој ги заснова на поголема искористеност на компаративните предности за развој на туризмот. Притоа, тој изрази задоволство од претставувањето на Општина Гевгелија на Меѓународниот саем за туризам во Белград, бидејќи штандот бил посетен од многумина луѓе кои биле пријатно изненадени од туристичката понуда на Гевгелија и го изразиле својот интерес за посета.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *