• Sat. May 18th, 2024

Околу половина милион евра за патишта во Гевгелија

 Општина Гевгелија, за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општината, во 2023 година, согласно буџетската рамка, издвои 26.442.360 денари, односно околу 430 илјади евра. Според градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, средствата ќе бидат наменети за проширување и подобрување на патната инфраструктура. Годинава ќе биде изградена сообраќајницата од поранешниот базен, кај хотелот „Сенатор“ до Милци, за што во тек се подготовките за реализација. Со изградбата на оваа сервисна улица Гевгелија ќе добие уште една сообраќајна врска до граничниот премин „Богородица“.
           Предвидена е и изградба на долниот строј, со водоводна и канализациона линија, на продолжувањето на Западниот булевар во Гевгелија, позната како улицата „Св. Климент Охридски“. Со завршувањето на проектот за изградбата на атмосферската канализација во Гевгелија, во должина од 6.500 метри, ќе уследи и целосно асфалтирање на раскопаните улици. Притоа, предвидени се и бетонирање и асфалтирање на неколку улици и краци во населените места: Негорци, Мрзенци, Конско, Прдејци, Ново Конско, Петрово, Смоквица и Моин, како и поставување банкини на патниот правец Миравци- Габрово.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *