• Fri. May 17th, 2024

Од среда над 40 степени

Следува топол бран, од среда над 40 степени. Во следните денови на повеќе места температурите ќе бидат над 35 степени.

Најтопло ќе биде од среда до недела кога ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури, а вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 9. Наместа долж Повардарието температурата ќе го надмине и 40-тиот степен.

Времето денеска е сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има зголемување на облачноста и во северозападните, претежно планински подрачја. Ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Максималната температура во интервал од 32 до 38 степени и УВ-индексот со вредност 8.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *