• Wed. May 22nd, 2024

Ковачевски за „Студио 10“: Цената на струјата нема да поскапи, но ќе има зголемен данок од 1 јануари

ByВане Трајков

Nov 16, 2022

Од 1 јануари следната  година не се очекува да има зголемување на цената на струјата, но останува поголемиот данок – рече во „Студио 10“ на 24 ТВ директорот на ЕСМ Васко Ковачевски…

Тој напомена дека тоа што фирми се префрлиле од слободниот на регулираниот пазар, каде што струјата е наменета за домаќинствата и малите потрошувачи, не ја зголемило потрошувачката бидејќи во октомври и почетокот на ноември имавме  потопло време. Меѓутоа, порача дека тие треба што побрзо да се вратат на слободниот пазар и вели дека се добри најавите за воведување блок-тарифи на регулираниот пазар и за фирмите, исто како што беше направено со домаќинствата, па на таков начин оние што трошат повеќе – ќе плаќаат повеќе, па на големите компании нема да им биде од корист да бидат на регулираниот пазар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *