• Tue. May 28th, 2024

Од денеска две нови патарини на автопатот Миладиновци-Штип

По скоро половина година бесплатно возење, од денес официјално ќе почнат да работат патарините кај Кадрифаково и Преод на автопатот Миладиновци – Штип .

За патарините ќе треба да се издвојуваат по 50 односно 70 денари. Кај Кадрифаково патарината ќе се плаќа 50, а онаа кај Преод ќе ве чини 70 денари.

Од друга страна првата патарина за излез од Скопје чини 40 денари. Тоа значи дека за патување по автопатот до Штип ќе треба да издвоите по 160 денари во правец, или во двата правци вкупно 320 денари.

Миладиновци-Штип го скратува патувањето од Скопје до Штип за околу половина час во должина од 47 километри, а за негова изградба беа вложени 177 милиони евра. Автопатот почна да се гради во февруари 2014 година и оригинално требаше да биде готов до март 2017.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *