• Sat. May 18th, 2024

Обновен спортско- рекреативниот центар „Динќут“

Гевгелија организираше акција за обновување на спортско- рекреативниот центар „Динќут“. Заменети се оштетените спортски реквизити и урбана опрема на спортско-рекреативниот центар „Динќут“ во Гевгелија. Акцијата следиоткако се утврдија повеќе оштетувања на опремата и реквизитите.

Од страна на градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, беа иницирани активности за рехабилитација на излетиштето, во кои беа вклучени надлежните општинскислужби во соработка со ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија. Со акцијата, беа санирани оштетувањата на спортските реквизити и урбаната опрема на излетничкото место „Динќут“, чие уредување во спортско-рекреативен центар беше во рамките на проектот „Афирмација на природните и културните вредности на пограничниот регион“, преку ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија. За овој проект, на Општина Гевгелија и беа одобрени 169.692 евра, а локалната самоуправа го реализираше во партерство со Агенцијата за локален развој во Банско, Бугарија.
            Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, упати апел до граѓаните на општина Гевгелија да не се оштетуваат и повеќе да се внимава при користењето на веќе направените материјални добра кои се во служба на сите за одмор и рекреација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *