• Sat. May 18th, 2024

Објавен нов јавен повик од ИПАРД II со 5 милиони евра на располагање

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со директорот на Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, денес го презентираа новиот јавен повик за мерката 3 од ИПАРД-2 програмата. Јавниот повик се однесува за финансиска поддршка за инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи.

Финансиската поддршка за овој јавен повик изнесува вкупно 5.028.568 евра, односно 75% средства обезбедени преку ИПАРД програмата и 25% средства обезбедени од буџетот на Република Северна Македонија. Заедно со инвестициските средства од страна на корисниците вкупниот инвестицкиски фонд за оваа мерка изнесува 10 милиони евра.

Финансиските средствата по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка, (грант) во износ до 50% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите. Рокот за аплицирање по оваа мерка од ИПАРД програмата е до шести септември 2022 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *