• Sat. May 25th, 2024

Обелоденети најнови информации за извештајот на СЗО

Обелоденети најнови информации за извештајот на СЗО. Долгоочекуваниот извештај на СЗО и Кина за потеклото на коронавирусот е конечно готов, пишуваат светските агенции и наведуваат дека лабораторијата, веројатно, не е причина за пандемијата.

Во заедничката студија е наведено дека, најверојатно, сценариото за потеклото на Ковид-19 е пренесување на вирусот од лилјаци на луѓе преку друго животно.

Агенциите наведуваат дека ја имаат финалната верзија на извештајот на СЗО од дипломат со седиште во Женева, кој не сакал да биде идентификуван бидејќи не бил овластен да дава информации пред нејзиното официјално објавување.

Сè уште не е познато дали извештајот може да се промени пред да биде објавен, но наодите што ги содржи главно се очекувани и оставија многу прашања без одговор, пренесуваат агенциите.

Тимот на СЗО предложи понатамошно истражување во сите можни насоки во врска со потеклото на коронавирусот, освен хипотезата дека тој побегнал од лабораторија.

Истражувачите разгледале четири сценарија по редослед на веројатност. Тие заклучиле дека пренесувањето на вирусот преку друго животно е многу веројатно.

Тие проценија дека директното ширење на вирусот од лилјаците на луѓето е многу веројатно и исто така рекоа дека е можно ширење преку прехранбени производи, преку т.н. ладен синџир.

Објавувањето на извештајот беше одложено неколкупати, а СЗО на крајот на минатата недела рече дека очекува тој да биде подготвен за објавување во следните неколку дена.

извор: Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *