• Sat. May 18th, 2024

Oд 1 декември кесите во маркетите ќе чинат 15 денари

Oд 1 декември кесите во маркетите ќе чинат 15 денари

Пластичните кеси ќе се наплатуваат 15 денари, од 1 декември годинава, со што треба да се дестимулира купувањето на ваквите производи кои ја загадуваат околината.

За средствата од продадените пластични кеси, трговците ќе мора да водат евиденција по квартали, а надоместоците ќе треба да ги уплаќаат на посебна сметка на органот за животна средина.

Исто така, од 1 декември 2021 година ќе се забрани за користење пластичното пакување за еднократна употреба во угостителските објекти што се наоѓаат во заштитените подрачја во Македонија. Целокупната законска материја за управување со отпад е обемна, а Европската комисија уште во минатогодишниот Извештај за напредокот на нашата земја кон ЕУ упати критика дека законите за управување со отпад не се донесени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *