• Tue. May 21st, 2024

Oд демо снимка пред 20 години, со помош на вештачка интелигенција, објавена нова песна на Тоше Проески

ByЃ. K.

Jan 25, 2024

„Кажу да време, време лечи све, ал шта ми врeди вечност без тебе“… овие редови се дел од рефренот на последната песна на нашиот најголем музички талент, Тоше Проески.

Песната со наслов „Кажу да време, време лечи све“ изгледаше како нешто што можеби никогаш нема да биде објавено, но со помошта на новата АИ-технологија, вокалот и пијаното беа извадени од демото и користени за студиска снимка.

Во септември 2004 година, првата демо снимка беше изработена во домашното студио на Кирил.

Зоран Ѓорѓевиќ е творецот на музиката и текстот, додека аранжманот и продукцијата се дело на Кирил Зарлинов, познат и како диџеј Ерик Фокс. Миксот и мастерингот беа поднесени нашему познатиот микс инженер, Костадин Камчев, кој има долгогодишен живот и работен опит во САД. Тој управува со „Студио Моцарт” во Њу Џерси и може да се пофали со три номинации за музичките ГРЕМИ награди за најдобар микс инженер.

За спотот се погрижи екипата на „Студио 351” од Кавадарци.

By Ѓ. K.