• Mon. May 20th, 2024

Новогодишни пакетчиња за деца со индивидуални образовни потреби

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на својот Фејсбук профил објави дека заедно со Меѓународната организација Адра Македонија доделиле пакетчиња за децата со индивидуални образовни потреби.

-Наближуваат Новогодишните празници на кои им се радуваме сите, а посебно децата. Новогодишните пакетчиња им носат голема радост и со големо нетрпение ги очекуваат во нивните раце.Денеска со претставници на меѓународната хуманитарна организација Адра Македонија им подаривме среќа и радост на учениците со индивидуални образовни потреби во основните општински училишта „Сандо Масев“ и „Видое Подгорец“ и на децата во Шелтер центарот за жртви на семејно насилство.Сите деца заслужуваат да бидат среќни и весели.Од срце за децата на Струмица, пишува Костадинов на својот ФБ профил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *