• Sun. May 19th, 2024

Нема враќање пари за инвестиции

Нема враќање пари за инвестиции

Нема враќање пари за инвестиции. Министерот за финансии, Фатмир Бесими, истакна дека фирмите нема да ги враќаат средствата од финансиската поддршка за исплата на плати за месеците февруари и март. Но само, ако истите парите ги инвестираат во раст и развој.

Нема враќање пари за инвестиции без разлика дали ќе остварат добивка или загуба на крајот на годината.

„За мерката за финансиска поддршка за исплата на плати за месеците февруари и март предвидени се 1,92 милијарди денари. Се очекува месечно со мерката да бидат опфатени по 60.000 работници. Финансиската поддршка ќе биде скалеста. Ќе изнесува од 14.500 денари до 21.776 денари по вработен од месечна плата“, објасни Бесими.

Критериум за доделување на мерката, според него, ќе биде економскиот резултат. Односно падот на приходите во месеците ноември и декември 2020 и јануари 2021 година. И тоа споредбено со истите месеци во 2019, односно 2020 година.

„Новината која овој пакет ја носи е фокусирање кон закрепнување и економски раст. Без разлика дали покажуваат загуба или успех. 50% од субвенциите согласно законот треба да ги вратат следната година. Освен доколку тие средства ги инвестираат наредиот период во раст и развој, тогаш ќе бидат ослободени целосно. Фокусот е на инвестиции и раст покрај поддршка на закрпенување на економијата и на приватниот сектор “, изјави министерот за финансии, Фатмир Бесими.

Вчера, премиерот Заев ги презентира мерките од Петтиот пакет кои ги договараа со социјалните партнери.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *