• Sun. May 19th, 2024

НБ: Просечна инфлација од 8,8% во 2022 година

Советот на Народната банка одржа редовна седница на која беше разгледан и усвоен најновиот Квартален извештај во чии рамки се вклучени и најновите макроекономски проекции на Народната банка. По усвојувањето на Извештајот, гувернерката ги претстави макроекономските проекции на средбата со новинарите.

Со руската инвазија врз Украина и санкциите кон Русија, се влошија веќе нарушените глобални синџири на снабдување, енергетската криза и пазарите на примарни производи, предизвикувајќи ценовни притисоци и голема неизвесност за глобалните економски изгледи. Пандемијата и понатаму е важен фактор за економските и за инфлациските изгледи.

Со оглед на продолжените ценовни притисоци под влијание на подолготрајниот и посилен раст на увозните цени, со што се забрзува инфлацијата, се создаваат одредени преносни ефекти кај повеќе ценовни категории и се менуваат инфлациските очекувања, Народната банка по направената измена кај инструментот задолжителна резерва, во два наврати ја зголеми основната каматна стапка за по 0,25 п.п. Притоа и натаму ги користи монетарните инструменти за оптимално управување со ликвидноста.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *