• Mon. May 13th, 2024

На повидок се рестрикции на струја во Франција и Британија

Рестрикции на струја се на повидок во Франција и Британија. Париз се подготвува за недостиг на електрична енергија.

Франција на своите граѓани реши да им испраќа известувања за оптоварувањето на електричната мрежа и тоа веднаш по временската прогноза ќе има прогноза за снабдување со електрична енергија. 

Зелениот симбол ќе значи дека потрошувачката на електрична енергија е во рамнотежа, а жолтиот симбол ќе сигнализира притисок врз снабдувањето, додека црвениот симбол ќе предупредуваат на можен прекин во снабдувањето. Тоа ќе значи дека граѓаните ќе треба да ја намалат потрошувачката во периодот од 20 до 12 часот и од 18 до 20 часот, на пример, да ги користат машината за перење и рерната во други периоди од денот. Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека не само оваа, туку и идната зима ќе биде тешка. 

Рестркции на електрична енергија од три часа на ден може да се воведуват во Велика Британија за сите домаќинства,  најави енергетското претријатие Национална мрежа.

Од компанијата велат дека ова е „малку веројатно сценарио“, но постои како можност доколку ескалира кризата.

Ограничувањата со снабдување на струја се можни во време на пикот на потрошувачката, или наутро или пак помеѓу 16 и 21 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *