• Sun. May 19th, 2024

На границата со Грција активно се пренесуваат мигранти

Балканската рута за криумчарење е жива-на границата со Грција активно се пренесуваат мигранти. Ова го констатира министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во телевизиско интервју за Алсат. Тој рече дека иако интензитетот на криумчарење не е како пред шест години кога буквално вриеше од криумчари и мигранти и бегалци, со што притисокот врз македонските безбедносни служби беше многу силен, сепак уште се живи дивите рути на Блаканот.

Голем број мигранти се обидуваат да поминат од грчка страна во Македонија, но, не е мал бројот и на оние кои транзитираат низ Бугарија.

Во однос на регистрацијата и идентификација на мигрантите, Спасовски појасни дека секое лице коешто се обидува илегално да оствари влез во Македонија или лица коишто се криумчарени, веднаш по завршување на постапката се евидентираат, им се земаат податоци, се дактилоскопираат, податоците се внесуваат во системите за контрола на патници и возила на граничните служби, а понатаму се дел од анализи коишто ги прави МВР и се носат во времените прифатно-транзитни центри.

– Во првите шест месеци имаме откриени 53 случаи на криумчарење на мигранти и преземени се мерки за кривичен прогон против 62 лица, од коишто 15 се странски државјани – информираше Спасовски.

На прашањето дали се преземени потребните мерки оние мигранти кои ја минуваат т.н. Балканската рута, а имаат криминално досие да не можат да поттикнуваат конфликти во земјава, министерот дециден дека во сите овие изминати години, дури и во 2015/16 кога поминаа повеќе од еден милион и сто илјади луѓе, не бил забележан посериозен инцидент којшто би ја нарушил безбедноста во државата.

– Не може да се констатира дека поголемиот дел од овие луѓе кои што се обидуваат да транзитираат по оваа рута се луѓе со криминално досие. Но, ако прашаме дали има лица кои што се со криминално досие – да, има– вели Спасовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *