• Sun. May 19th, 2024

Мртви животни и тони отпад дишат жителите на Иловица

Мртви животни и тони отпад дишат жителите на Иловица. Од лешеви на животни, до стар мебел. Сето тоа завршува на дивата депонија во Иловица. Жители од околните куќи реагираат дека неподнослива смрдеа се шири од локацијата, која подолг период никој не ја контролира. Испратија фотографии за да алармираат бидејќи депонијата им дошал до дворовите.

Проблемот со дивите депонии во струмичко е стар и голем. Речиси и не се знае точниот број на диви депонии, иако според некои генерални проценки се смета дека има околу сто во струмичкиот регион. Освен отпадот од домаќинствата, проблем е и неконтролираниот градежен отпад, но и земјоделскиот.

Струмица уште е далеку од конечен план за адаптација на регионалната депонија Шапкар. Државата засега ќе инвестира во регионална депонија во Источниот плански регион.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *