• Thu. May 16th, 2024

Мокриево се подготвува за Страчинарските игри

Мокриево е подготвено да ги пречека Страчинарите. Страшните маски и годинава ќе се дел од традиционалното празнување на Василица. Десетици групи од земјава и околните држави ќе ги изведат Страчинарските игри тропајќи со ѕвонците и стаповите во центарот на селото. Овој своевиден спектакл привлекува и многубројни гости, љубители на традиционалните случувања.

Според традицијата стрaчинарите одат од куќа во куќа низ селото и собираат милостина за сиромашните. Даровите во минатото најчесто биле колбаси и мелечно пченкарно брашно, она што го имале како зимница подготвено селаните во своите визби. До денеска вака изгледа традиционалниот ручек за Василица. Качамак и колбаси.

Живко Спасов, кој е дел од организациониот одбор на Страчинарските игри во Мокриево, се радува што традицијата е обновена и се почитува од жителите. Тој учествуваше во подготовката на качамакот и суџуците, храна за ручекот со кој ќе се гостат по завршувањето на карневалот. Тоа е стар обичај, така правеле и страчинарите во минатото, сето она што ќе го собереле од селаните, таканаречена „просија“ ја приготвувале и правеле голем ручек.

Со Страчинарите се поврзани и некои народни верувања. Според едно, децата кои не зборуваат или имаат говорна маана, ќе проговорат и ќе престанат да пелтечат доколку с енапијат греена ракија од ѕвонците на страчинарите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *