• Thu. May 16th, 2024

ВИС СПОРТ: Младите на Цареви Кули втори на екипното првенство до 8 години

Најмладиот тим на ШК ,,Цареви Кули” од Струмица во состав Мартин Гоцев, Јован Вукашиновиќ, Трајче Карадакоски и Мартин Велков го освоија второто место на “Екипното првенство на Македонија за млади 2022”. Станува збор за тим за деца до 8 годишна возраст кои на првенството како што објавија од клубот покажале мудрост и знаење на шаховските табли. Тие второто место го освоија без пораз. Екипно добија 4 партии против тимовите на Алкалоид, Прилеп, Центар и Куманово а ремизираа со тимовите на Капабланка и Гамбит Ассеко тим кој го освои првото место. Повеќе во емисијата ВИС СПОРТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *