• Thu. May 16th, 2024

Медведев и се заканува на Европа: Ве чекаат празни полици, хиперинфлација и банкрот

Дмитриј Медведев, поранешниот руски премиер и потпретседател на рускиот Совет за безбедност, вели дека „европскиот финансиски систем не е стабилен“ и дека „Европејците ја губат довербата“.

Според руската прорежимска агенција ТАСС, блискиот соработник на Путин, Медведев, ги коментирал неодамнешните изјави на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, која рече дека банкротот на Русија е „прашање на време“.

Банкротот на Русија може да доведе до банкрот на Европа, напиша Медведев на својот канал Телеграм.

Што се однесува до изјавите на Фон дер Лаен, Медведев пишува дека тие „не се занимаваат со страдањата на луѓето, со крајот на специјалната воена операција или со желбата за мир во Украина, туку со банкрот на Русија“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *