• Mon. May 20th, 2024

Матичарите ќе го блокираат центарот на Скопје со возила

Штрајкот на вработените на Управата за водење матични книги, од канцелариите се префрлува на улица. Денеска околу 50 вработени од скопската канцеларија на УВМК ќе излезат на предупредувачки протест и ќе го блокираат централното градско подрачје со автомобили, од 15 до 17 часот. Нивна поддршка ќе биде Конфедерацијатана синдикални организации на Македонија.

И покрај активниот штрајк на вработените во Управата за водење матични книги, денеска матичарите своето незадоволство за неисполнетите барања од надлежните институции ќе го изразат излегувајќи на протест и блокирајќи го центaрот на Скопје.

Двочасовниот мотопротестен марш со колона од 30 до 50 возила ќе започне во 15 часот од Жена парк, а ќе се движи во правец на Министерство за правда, најави Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) и Независниот Синдикат на управата за водење матични книги.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *