• Mon. May 27th, 2024

Мали се шансите да се обезбеди двотретинско мнозинство за промена на Уставот

ByВане Трајков

Jul 10, 2022

Мали се шансите некоја политичка партија во Македонија да може да собере двотретинско парламентарно мнозинство за да ги поддржи измените на Уставот, оценува претседателот Стево Пендаровски во однос на францускиот предлог, во интервју за грчкиот весник „Етнос“.

Одговарајќи како ги гледа односите помеѓу Грција и Турција, Пендаровски вели дека хармоничните односи помеѓу двете држави се клучни за стабилноста на Балканот, Медитеранот и Блискиот Исток. Како што посочи македонскиот претседател, поврзувањето со природен гас во Александрополис е најнов пример на заедничко вложување, кое се очекува да донесе взаемна корист за двете земји.

Весникот пишува и дека Пендаровски во Грција првпат дошол како турист со родителите во 1976 година и оттогаш редовно ја посетува земјата или за одмор или како член на дипломатски претставништва, додека омилено место му е Тасос за кој има желба повторно да го посети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *