• Sat. May 18th, 2024

Македонскиот преродбеник Кирил Пејчиновиќ ќе биде прогласен за светец

Во рамки на Литургијата на која ќе се изврши прогласувањето за светец на македонскиот прередобеник Кирил Пејчиновиќ верниците ќе имаат можност да се поклонат на моштите.

Канонизацијата ќе се одржи наредниот викенд 16 октомври во Соборниот храм ,,Св. Кирил и Методиј” во Тетово, со почеток во 8:30 часот, кога ќе се отслужи света Божествена литургија, со која ќе чиноначалствува Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение на архијереите и свештенослужители од епархиите на МПЦ-ОА.

–Верниот народ ќе има можност да пристапи, за време на Литургијата и по неа, на поклонение до кивотот каде што ќе бидат изложени светите мошти на светителот и до неговата прва икона. Епархијата замолува за почитување на воспоставениот ред во храмот, со цел да се запази поредокот на Литургијата и да им се овозможи на сите да се поклонат и да испросат молитвено застапништво од преподобниот Кирил Лешочки, апелираат од Тетовско-гостиварската епархија.

На Литургијата ден претходно на 15 октомври во Лешочкиот манастир „Свети Атанасиј Велики”, ќе биде отслужена Вечерна служба со почеток во 17 часот.

–Ова е чин со историско значење, дело кое, со Божјата помош и по застапништвото на преподобниот, ќе донесе духовни плодови за нашиот народ и нашата Црква, а воедно претставува и несекојдневен дел од црковната традиција, кој е душеполезно да се посведочи со личното присуство. Тетово и Полошкиот регион, но и нашиот верен народ ширум татковината и светот, добиваат уште еден молитвен покровител, принесувајќи му дар и на соборното Православие, а во слава на Бога. Нека е на многу години, порачаа од Тетовско-гостиварската православна епархија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *