• Sun. May 19th, 2024

Македонија е во хибридна војна тврди Спасовски за честите дојави за лажни бомби

Министерот Спасовски смета дека во државата се води хибирдна војна, со оглед на секојдневните најави за поставени бомби. Денеска има нови најави за бомби во училишта, но и во Народна банка. Спасовски вели дека се прават напори да се откријат сторителите, но и дека овој проблем е глобален и од него се засегнати и многу поразвиени држави.

Спасовски вели дека е потребна внимателност, но дека институциите прават напори да се расветлат случаите и виновниците да одговараат.

Последниве седмици има континуирани пријави за бомби во основните и средните училишта во Скопје, поради што често се прекинува наставата на учениците.  Пред два дена Министерството за внатрешни работи (МВР) поднесе кривична пријава против малолетник од Скопје за делото „тероризам“, откако на 4 ноември креирал електронска адреса преку која испратил заканувачка порака за поставени експлозивни направи во четири средни училишта на службените електронски адреси на училиштата. Малолетникот на распит на 7 ноември го признал делото и го појаснил начинот на извршување на кривичното дело.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *