• Sat. May 18th, 2024

Македонците лидери во пушење цигари

Opened pack full of cigarettes closeup

Македонија е меѓу првите 10 земји во светот врз основа на преваленца на пушење и вкупниот број испушени цигари дневно по пушач.

Податоците на Аналитика покажуваат дека преваленцата на пушење во земјата изнесува 48,4%. За споредба во европските земји, преваленцата на пушење е далеку пониска – ЕУ просекот е 29%. Во Шведска таа изнесува 8.7 %, во Грција и Бугарија 27%.

Аналитика тинк-тенк заедно со Универзитетот Илиноис од Чикаго во 2020 годинa спроведе големо регионално истражување за употребата на тутун во земјата и регионот. Ова е една од првите студии во Македонија што дава сеопфатни информации за употребата на тутунот, односно цигарите.

„Анализите покажуваат дека речиси половина од возрасните луѓе во Република Северна Македонија (48,4 проценти) во моментов користат тутун. Преваленцата на пушење е 57,9 проценти кај мажите и 39,0 проценти кај жените. Преваленцата на пушење се зголемува со возраста на пушачи, достигнувајќи го својот врв на 45-54 години (60,1 процент за пушачи на дневна основа)“, објаснува Тамара Мијовиќ Спасова од Аналитика. Таа додаде дека нашата држава е лидер во регионот по потрошувачка на цигари по најниска цена и многу малку се прави за надминување на проблемот со пушењето, без разлика дали станува збор за законски решенија, покачување на акцизите или за кампањи за подигнување на јавната свест.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *