• Wed. May 15th, 2024

Мајмунски сипаници: Потребна е внимателност, но не паника

Прво имаше шест случаи во Велика Британија. Во меѓувреме се погодени и други европски земји, вклучително и Германија, Шпанија, Португалија, Франција и Италија. Болеста е откриена и во Северна Америка, Латинска Америка и Австралија. Експертите се на штрек, но велат дека не треба да се крева паника. Проценката на ризикот од Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ), објавена на 23 мај, им советува на земјите од ЕУ „да се концентрираат на брза идентификација, третман, следење контакти и известување за нови случаи на заразени со мајмунски сипаници“.

Земјите исто така треба да ги ажурираат механизмите за следење контакти и дијагностичките капацитети. Друга препорака од ЕЦДЦ е да се провери достапноста на вакцини против сипаници, антивирусни средства и опрема за лична заштита за здравствените работници.

Повеќето од досега заразените лица покажале благи симптоми на болеста. „За општата популација, ризикот од ширење е многу низок“, вели Андреа Амон, директорка на ECDC. „Сепак, веројатноста за натамошно ширење на вирусот преку близок контакт, на пример преку сексуална активност помеѓу луѓе со повеќе сексуални партнери, се проценува како висока“.

Во проценката на ризикот на ECDC се вели: „Преносот може да се случи преку близок контакт на слузниците или неинтактна кожа со инфективен материјал од повреди или преку големи капки во воздухот при продолжен контакт лице в лице“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *