• Wed. May 15th, 2024

Mатурата да се полага во три сесии

Mатурата да се полага во три сесии.

Средношколскиот cојуз бара државната матура годинава да се полага во три испитни сесии, а како што вели лидерот на Сојузот, Бленди Ходаи, тие веќе имаат и зелено светло од Државниот испитен центар (ДИЦ) за такво нешто.

– Од ДИЦ имаме зелено светло за полагање на државна матура во три сесии, останува да почекаме одлука и од Министерството за образование и наука (МОН) вели Ходаи.

Ходаи додаде и дека деновиве треба да се објават скратените материјали од кои годинава матурантите ќе ги полагаат матурските испити, потенцирајќи дека тие ќе побараат и подетални информации за нив, со цел да учениците да почнат да се подготвуваат за испитите.

– ДИЦ има обврска да ги објави дефинираните скратени материјали. Досега добивме само општи информации, но ние ќе побараме подетални. ДИЦ треба конкретно да го објави скратениот материјал – додава Ходаи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *