• Tue. May 14th, 2024

ЛД Фазан врши прихранување на дивечот

LD Fazan

Ловното друштво Фазан од Василево деновиве почна со прихрана на крупниот дивеч на ловиштата кои се под концесија на ова ловно друштво. Според информациите од претседателот на друштвото Зоран Јанев деновие е извршена прихрана на дивечот во ловиштето број 3 кај село Нивичино. Според предвидената динамика, акцијата на прихранување на дивечот во општина Василево ќе продолжи се до март независно од временските услови . Месечно  ќе се спроведуваат четири вакви акции.

Како што ни истакна претседателот  Зоран Јанев,  парлалено ЛД Фазан од Василево ги одгледува и седумте декари засадени со житна култури а во мегувреме се подготовува  шест  декари за засадување на пченка и тиква за да со обезбедат доволно количини храна за наредната година.

ЛД Фазан лани засади неколк хектари под сончоглед за прихрана на прелетниот дивеч.

Од  ова ловно друштво  апелира до сите ловџии за користење на соодветна опрема ( портокалови флоуресцентни елеци) согласно законот за ловство во спротивно ќе следуваат санкции од ловното друштво, ловниот инспектор и МВР.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *