• Tue. May 21st, 2024

КУД „Сушевски бисери“ организира Прв меѓунареден фолклорен фестивал

Во организација на КУД „Сушевски бисери“ од с. Сушево, на 18.09.2022 година (недела), со почеток во 17,00 часот,  на одбојкарското игралиште во с. Сушево, ќе се одржи Меѓунареден фолклорен фестивал „Сред село весело“.  Како што информира организаторот, доколку временските услови не се поволни, односно во случај на дожд, фестивалот ќе се одржи во спортската сала на ООУ „Гоце Делчев“ во с. Василево.

На фестивалот учество ќе земат културно уметнички друштва и фолклорни ансамбли од Република Бугарија и Република Србија, а од домашните, КУД „Негорци“ од с. Негорци, ФА „Подарешани млади“ од с. Подареш како и домаќинот КУД „Сушевски бисери“ од с. Сушево.

Главен покровител на Фестивалот е општина Василево.

„КУД „Сушевски бисери“, станува вистински репрезент на општина Василево и македонскиот фолклор“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, по повод организирањето на Фолклорниот фестивал, притоа потенцирајќи дека финансиската поддршка од страна на општиан Василево за вакви манифестации ќе продолжи и понатаму. „Македонската традиција ќе продолжиме да ја негуваме и заедно ќе уживаме во играта и песната на овие талентирани млади луѓе“, порача градоначалникот Андонов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *