• Tue. May 14th, 2024

Ксенија Маказлиева-Трајчева одбележа 30 години од првиот расказ

Со читање на првиот расказ „Спирко“ напишан по вистински настан од палавштините на својот брат, започна настанот на кој се обележи тридецениското творештво на авторката Ксенија Маказлиева-Трајчева.  Авторот за деца Киро Донев рече дека талентот кај Ксенија го открил уште додека била дете, па било логично да ја поддржи во нејзиното остварување како автор и уредник.

Ксенија вели дека авторството и создавањето за деца го доживува како благослов, но особено уредништвото.

Во својот работен век, под нејзино раководство како одговорен и креативен уредник, се потпишала во над 480 отпечатени броеви на списанијата за деца „Другарче“ и „Росица“ и во над 50 книги и прирачници за деца за предучилишна и рано училишна возраст.

Во март 2020 се здобива со признание за најдобар уредник на списанија и книги за деца од меѓународната организација Green ThinkerZ Society, како еден од 50-те најдобри уредници во светски рамки. Денес работи како Одговoрен уредник на списанијата за деца „Росица“ и „Другарче“. Како и уредник на книги за деца и прирачна литература за предучилишно и основно образование. Активно е вклучена во литературни манифестации за деца во државата и регионот. Исто така и како автор за деца и коорганизатор на литературни манифестации,  конкурси и книжевни работилници за деца и млади.

Соработува на повеќе проекти од областа на еднаков пристап за сите во борбата за подигнување на општествената свест за лицата со посебни потреби, особено лицата со аутизам, како и на проекти за борба против насилството од секаков вид, еколошки, едукативни и интердисциплинарни проекти во државата и странство.

Нејзиниот последен ангажман е вклучување во Асоцијацијата на најдобрите наставници од регионот во организацијата на „ Првата конференција на најдобрите наставници од поранешните југословенски простори“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *